Никола Јокиќ не ја освои третата последователна МВП наградата за регуларниот дел од сезоната, но го предводеше Денвер до историска шампионската титула и своето прво МВП признание за финалната серија славејќи против Мајами со вкупни 4-1.
Србинот кој изобилува во кошаркарски талент веднаш влезе во дебатите за најдобар европски кошаркар на сите времиња, а според мислењето на поранешниот југословенски ас и сегашен претседател на кошаркарската федерација на Србија, Предраг Даниловиќ, Јокиќ не е најдобар и ваква споредба воопшто не треба да се прави.
„Не мислам дека Јокиќ е најдобриот европски кошаркар во историјата. Остро сум против било каква споредба на минати и сегашни епохи. Секое време носи свои херои. Некогаш најдобар беше Кичо, потоа Дражен, па Кукоч, Дивац, па јас… Кошарката некогаш се играше на друг начин, постоеа други правила и невозможно и неозбилно е да се прават такви споредувања. Не ме интересираат овие дебати, но без дилема Никола е еден од најдобрите“, вели Данилловиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

