Јокиќ: Не го сакам овој живот… Сакам слободно да пијам со другарите, да си играм со децата, и никој да не ме познава на улица!

Најдобриот кошаркар во светот, Никола Јокиќ ги минува најдобрите денови во својата кошаркарска кариера како предводник на Денвер со кого минатата сезона дојде до шампионскиот прстен во НБА лигата.

Но, очигледно огромната слава не му причинува задоволство на Јокиќ кој важи за крајно едноставно момче кое сака да биде далеку од медиумската сцена. Јокиќ, во разговор со својот соиграч Мајкл Портер Џуиор, откри како се чувствува и дека воопшто не го сака овој начин на живот и популарноста која ја ужива…

„Да бидам искрен не го сакам овој начин на живот. Ние сме само кошаркари и добри сме во тоа што го правиме, ама не можеме да имаме никаква приватност за разлика од другите професии. Медиумите се околу нас постојано. Кога ќе ја завршам кариерата, би сакал никој да не ме познава на улица. Сакам слобода. Сакам моите деца да ме паметат како татко, а не како кошаркар. Сакам да бидам нормален, да пијам со другарите, да си играм со децата, да јавам коњи“ – вели Јокиќ.

Се вчитува...