Јокиќ не може се сам – Нова „ѕверска“ партија на Србинот, нов пораз на Денвер (ВИДЕО)

Никола Јокиќ продолжува со неверојатните партии сезонава во НБА лигата. Тој во поразот на неговиот Денвер Нагетс на гостувањето кај Бостон Селтикс од 112-99 успеа да постигне неверојатни 43 поени, од кои дури 29 беа во првото полувреме. Кај победникот најефикасен беше Џејлен Браун со 27 поени, а Тејтум додаде 21.

Шампионот во лигата, ЛА Лејкерс без поголеми проблеми триумфираше над Минесота Тимбервулвс со 104-112. Леброн Џејмс ги предводеше „езерџиите“ со 30 поени, додека Денис Шрудер додаде 24. Кај поразените Ентони Едвардс заврши со 28 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната програма, Мемфис – Њу Орлеанс 113-144, Милвоки – Торонто 113-124, Оклахома – Портланд 104-115 и Феникс – Бруклин 124-128.

Се вчитува...