Српскиот кошаркар Никола Јокиќ за време на тренинг кампот на Денвер Нагетс пред стартот на новата сезона, во отворен разговор со американските медиуми.
Во една од темите и прашањето за „хај пет“, каде што ќе биде споен со Јонас Валанчунас на паркетот. Следеше духовит одговор од српскиот центар.
„Зошто да не? Преку глава ми е од Арон Гордон. Не можам повеќе да играм со него, мора да го промениме. Тој нема да ме промени мене. Зошто да не, ајде да пробаме нешто ново. Ми се допаѓа. Мора да бидеме креативни. Ајде да изнесеме нешто што никој не го видел“ – рече Јокиќ.
Тој беше прашан и за промените во дефанзивната тактика во Нагетс.
„Ќе пробаме нешто различно. И разгледувам како можам да направам влијание во таа област. Ќе биде нешто различно од минатата година. Со нетрпение очекувам да видам како ќе изгледа. Возбудливо е да се проба нешто ново“ – рече Јокиќ и дополни дали се меша и во тренерската работа.
„Не, тие се тренери. Јас сум играч. Тие ми кажуваат што да правам“ – додаде Јокиќ.
Во тренерскиот штаб на Денвер се вклучени Џаред Дадли и Џеј Џеј Бареа, па од српскиот кошаркар беше побарано да коментира малку за нив.
„Ова е прв пат да бидам во нивна близина бидејќи дојдов пред два дена. Знаете, кога некој е во лигата 14 години, играл во многу тимови и со многу добри играчи, без оглед на тоа колку минути играл, без оглед на сè… Ако некој е во лигата 14 години, јас слушам. Ги почитувам. Тие знаат за што зборуваат. Виделе многу.“
Јокиќ истакна дека е возбуден поради новиот тим и промените во тренерскиот кадар.
„Да. Тоа е, особено со новиот тренерски кадар, новиот систем што ќе го испробаме. И мислам дека ми се допаѓа. Тоа е нешто ново и со нетрпение го очекувам“ – истакна Јокиќ.
“We are close to the beach, you can smell the ocean.” 🌊
Full Nikola Jokic press conference from Nuggets 𝑻𝑹𝑨𝑰𝑵𝑰𝑵𝑮 𝑪𝑨𝑴𝑷 ⤵️ pic.twitter.com/YPfSTeOO7h
— DNVR Nuggets (@DNVR_Nuggets) September 30, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

