Со одличната серија од 9-0 во последните минути од мечот, Денвер стигна до нова победа над Минесота со 122-118, а српскиот кошаркар Никола Јокиќ граби кон нова МВП награда откако стигна до нов трипл-дабл.
Денвер добро „влезе“ во мечот, водеа од стартот на натпреварот, но не успеаја да направат некоја поголема предност. Имаше и падови во играта, а тоа го искористи Минесота да го стигне, па дури и да има предност од 10 разлика.
Денвер фаќаше приклучок благодарение на Јокиќ, а потоа во последниот период серијата од 9-0 ги донесе Нагетси до нова победа. Србинот постигна 31 поен, 13 асистенции и 11 скокови. И не само тоа, туку Јокиќ влезе во историјата на Денвер со најмногу асистенции во историјата на клубот (3680) надминувајќи го досегашниот рекордер Алекс Инглиш кој имаше една помалку.
A standing ovation in Denver as Nikola Jokic becomes the all-time assists leader in Nuggets franchise history 👏 pic.twitter.com/YBh3uhqlaF
— NBA (@NBA) January 19, 2023
What a night for Nikola Jokic:
🃏 31 PTS, 11 REB, 13 AST
🃏 8th straight win
🃏 90th career triple-double
🃏 Becomes Nuggets all-time assist leader pic.twitter.com/5xEi70PKvb— NBA (@NBA) January 19, 2023
И покрај 30-те поени на Лука Дончиќ, Далас загуби од Атланта на свој терен со 122-130. Словенецот имаше нова добра партија, но не беше следен од неговите соиграчи. И на овој меч победникот беше решен во последната четвртина, кога Атланта со една добра серија стигна до предност, која ја задржа до крај.
Ништо ново од ЛА Лејкерс. Нов пораз, и покрај одличните 32 поени на Леброн Џејмс. Лејкерси одиграа славо во третиот период на мечот, кога Сакраменто се стекна со предност која се покажа одлучувачка, и покрај тоа што во финишот од четвртиот период се доближија неколку пари на само еден поен разлика.
РЕЗУЛТАТИ
Далас – Атланта 122:130
Њујорк – Вашингтон 105:116
Хјустон – Шарлот 117:122
Мемфис – Кливленд 115:114
Њу Орлеанс – Мајами 98:124
Оклахома – Индијана 126:106
Јута – ЛА Клиперси 126:103
ЛА Лејкерси – Сакраменто 111:116
Денвер – Минесота 122:118
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

