Јокиќ незапирлив во новата победа на Денвер, Дурент броеше до 40

Денвер на крилја на Никола Јокиќ стигна до 30. победа во НБА лигата откако изминатата вечер славеше на гостувањето кај Вашингтон со 104-133. Српскиот интернационалец натпреварот го заврши со неверојатни 42 поени, 18 скокови, 8 асистенции и 3 блокови без загубена топка.

Одличен настап имаше и Кевин Дурент кој со 40 поени и 9 скокови го предводеше Феникс до победа од 117-110 против Индијана. На спротивната страна се истакна Хилд со 18 поени и 4 скокови.

Победничката серија продолжи и за Лос Анџелес Клиперс кој славеше со 125-114 над Бруклин. Харден со 24 поени и 10 скокови беше лидер на тимот од ЛА, додека со 26 поени, 6 скокови и 5 асистенции Бриџис го предводеше тимот од Њујорк.

Во останатите натпревари:

Орландо – Мајами 105-87
Хјустон – Бостон 107-116
Лос Анџелес Лејкерс – Портланд 134-110

Се вчитува...