Јокиќ објасни зошто „полуде“ на мечот против Вориорс

Српскиот центар Никола Јокиќ објасни зошто полуде на клупата на Денвер во поразот на неговиот тим од Голден стејт (104-118) во НБА лигата.

Србинот оствари дабл-дабл учинок на мечот, а само една асистенција го делеше од трипл-дабл. Тој вели дека полудел поради големиот број изгубени топки, меѓу кои и самиот имал дури шест.

„Тоа не е поправено две години. Нашиот стил е брзо да се движи топката. Мораме да бидеме повнимателни со изгубените топки“, изјави Јокиќ.

Се вчитува...