Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одбил да потпише нов договор со Денвер Нагетс, објавија американските медиуми. Српскиот кошаркар наводно го информирал клубот дека ова лето нема да потпише нов договор, кој се чинеше дека е само формалност.
Самиот потег не значи дека тој планирал да го напушти клубот, но создал дополнителни тензии и притисок врз клубот во следната година.
Јокиќ е во Денвер од 2015 година и ја освои шампионската титула во НБА и три награди за најкорисен играч (MVP), а Нагетсите беа подготвени да направат сè за да го задоволат Србинот и да го задржат во своите редови.
Вистинската причина зошто Јокиќ не сака да потпише нов договор е тоа што, ако почека до 2026 година, ќе може да потпише нов договор со супермакс вреден дури 292 милиони долари, што е за 80 повеќе отколку што можеше да добие сега.
Самиот сопственик на Нагетс, Џош Кронке, неодамна изјави дека Јокиќ можеби нема да потпише договор.
„Дефинитивно ќе му понудиме договор, не сум сигурен дали ќе прифати. Ќе му објасниме секој финансиски параметар во врска со потпишувањето, сега и подоцна. Секогаш сме транспарентни. Тој треба да донесе најдобра одлука за себе и за своето семејство, ние ќе го поддржиме во тоа.“, изјави Кронке.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

