Јокиќ одмора од напорната сезона на неочекувано место (ФОТО)

Никола Јокиќ ова лето нема да биде дел од репрезентацијата на Србија на Светското првенство кое ќе се одржи од 25. август до 10. септември во Филипини, Јапонија и Индонезија поради замор од долгата сезона во НБА лигата во која го предводеше Денвер во шампионската титула.

А, за разлика од најголемиот дел од балканските спортисти кои одморот го одработуваат на Јадранското море, српскиот центар се наоѓа во Калифорнија каде беше „уловен“ од страна на американскиот новинар Колин Кауер кој објави фотографија со Србинот на социјалните мрежи.

Се вчитува...