Познатиот американски спортски новинар, Ник Рајт даде интересна изјава за Никола Јокиќ и големите ѕвезди на НБА. Денвер и оваа сезона е на пат кон финалето и според многумина има добри шанси да го одбрани шампионскиот прстен.
Рајт, во својата емисија вели дека верува дека Јокиќ офанзивно е подобар од многу легенди во лигата, вклучувајќи го и Коби Брајант.
„Знам дека луѓето ќе речат дека е чудно тоа што го кажувам, но некои работи за Јокиќ не ми се допаднаа порано, пред тој навистина да се појави во плеј-офот. Сега кога го направи тоа, почнуваме да зборуваме за ова. Ако Денвер повторно ја освои титулата, а нема многу големи момци кои биле шампиони во низа, Мајкл, Расел, треба да се вратите на Меџик, Ајзеа, Џордан, Хаким, Шекил, Коби Брајант. Јокиќ би се приклучил на таа група. Сметам дека тој офанзивно е подобар од Коби Брајант“, вели Рајт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

