НБА-лигата ќе добие нов МВП за оваа натпреварувачка сезона откако Никола Јокиќ ја загуби трката што цела сезона ја водеше со Шеј Гилџес Александер од Оклахома сити тандер.
Двајцата врвни кошаркари во изминатите месеци се менуваа на врвот на рангирањата што НБА ги објавува секоја седмица. Сепак, на последното рангирање пред крајот на регуларниот дел од сезоната, НБА на врвот го рангираше канадскиот плејмејкер од Оклахома Сити, притоа давајќи и објаснување зошто токму тој е изборот за најкорисен играч во сезоната 2024/25.
„Му честитаме на Шеј Гилџес Александер, како и на неговиот тим Оклахома сити тандер. Победник е оној што одржува високо ниво на игра, иг издржува напорите на 82 средби во долгата НБА сезона, се појавува секоја вечер, се нтпреварува со најдобрите и помага на својот тим да победува. На врвот на МВП-листата има место само за еден, па иако лицата на врвот се менуваа од октомври до април, вистината на крајот испливува на површина. Дури и во вака неизвесна трка, победникот навистина ја заслужи наградата. Тоа е Шеј“, се вели во соопштението на НБА-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА