Кошаркарите на Денвер го победија Сан Антонио со 128-118 во последниот натпревар од лигашкиот дел од НБА лигата.
Нагетси дојдоа до својата 12-та победа по ред и го обезбедија третото место во плејофот на Западната конференција, а српскиот центар Никола Јокиќ остана во конкуренција за наградата за најкорисен играч (МВП) откако го одигра својот 65-ти натпревар во сезоната.
Јокиќ играше во првото полувреме 18 минути и 15 секунди и постигна 23 поени (7/12 за двојки, 1/2 за тројки, 8/8 од шеснаесетникот) и имаше осум скока и една блокада.
Тоа беше неговиот 65-ти натпревар во сезоната, што го квалификуваше за МВП наградата, иако неговиот настап беше неизвесен поради повреда на зглобот.
НБА дозволува два исклучока од 15 до 19:59 минути игра да се сметаат за официјален натпревар, а српскиот центар има уште еден исклучок.
Jokić is up to 23 PTS in the first half 🃏
Nuggets hold a commanding lead after going on a 22-0 run! pic.twitter.com/fv1GLEXZrn
— NBA (@NBA) April 13, 2026
Уште шест играчи на Денвер постигнаа двоцифрен број поени, вклучувајќи ги Џулијан Страутер 25 поени, Јонас Валанчиунас 16 поени со 11 скока и Дејвид Роди 15 поени со 13 скока.
Сан Антонио ја заврши својата серија од три победи, а Дирон Фокс беше најефикасниот играч во тимот со 24 поени, шест скока и пет асистенции.
Нагетси се трети носители во Западната конференција и ќе играат против шестиот носител Минесота во првото коло од плејофот.
Сан Антонио, како втор носител, ќе игра против седмиот носител, кој ќе дојде од плејофот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

