Двократниот освојувач на наградата за најкорисен играч на НБА, кој е воедно и на прагот да ја освои третата последователна МВП награда, Никола Јокиќ открива дека имал шанса да заигра во дресот на Барселона.
Српскиот интернационалец се пресели во најсилното кошаркарско натпреварување од аба-лигашот Мега, но се можело да биде поинаку доколку каталонците не се одлучеле да бидат стрпеливи.
„Да точно е. Тоа беше оддамна. Ме гледаа на еден натпревар кој мислам дека беше најлош што сум го одиграл досега. Имав 18 или 19 години тогаш. Ми кажаа дека сакале да почекаат уште неколку месеци, а во тоа време се појави Денвер. Сега сум тука“, открива Јокиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА