Јокиќ: Плеј-офот во НБА е најдобрата кошарка на светот

Денвер загуби во вториот натпревар од осминафиналната серија против ЛА Клиперс во нова неизвесна завршница која овој пат беше со среќен крај за гостите од Лос Анџелес.

Никола Јокиќ имаше трипл-дабл учинок, но недоволен за водство од 2-0 на Денвер, но и покрај тоа српскиот кошаркар не беше разочаран од поразот.

„Навистина тежок натпревар, како и првиот. Во некои моменти правевме глупави грешки, а тие знаеја тоа да го казнат дали со тројка или шут и прекршок. Навистина интересен натпревар, а ние не успеавме да победиме.

Каваи одигран феноменален натпревар, како и треба, тој е супер-ѕвезда. Но, кога можевме да направиме чекор за победа, ние губевме топки. Чудни детали не чинеа победа. Промашив и јас слободни фрлања, промаши едно и Вестбрук, едно и Портер во битните моменти. Многу детали беа на нивна страна.

Ова беа две неверојатно добри натпревари. Можевме и да губиме со 2-0. Ако сте фан, ова е најверојатно најдобрата кошарка која можеш да ја гледаш. Грешки, големи партии каква што имаше Каваи. Навистина две неверојатни натпревари. Уживање е да ги глеаш“, изјави Јокиќ.

Се вчитува...