Никола Јокиќ заработи, се чини, престрого исклучување на синоќешниот натпревар на Денвер против Чикаго во НБА лигата.
Јокиќ доби втора техничка грешка пред крајот на првото полувреме и веднаш исклучување за, како што објаснија судиите по мечот, „непристоен речник“. Поголемиот дел од американските медиуми потенцираа дека се работи за престрого исклучувања, а за ситуацијата коментираше и самиот Јокиќ…
„Така е како е. Добро е што овој меч не го игравме на пример во Србија, би било интересно да се види како би завршила една ваква судиска одлука. Но, тоа е што е, некои во лигата може да кажат што и да посакаат, а јас не може апсолутно ништо. Тоа сигурно не може да биде техничка, но така е како е“ – рече Јокиќ и дополни:
„Мислам дека овој пат моите зборови не ја поминаа линијата. Јас некогаш ја поминувам границата, но моите зборови не го прават тоа. Но, подобро ништо да не зборувам за да не платам дополнителен цех на крајот“.
Никола дополни дека му е мило што имало многу српски навивачи во Чикаго кои дошло да го видат него.
„Ова е град со втора најголема српска популација. Белград е најголем, а вториот е тука. Можеби дошле да ме видат. Да, никогаш не сакате да бидете исклучен, но понекогаш и тоа се случува. Жал ми е“ – заклучи Јокиќ.
Nikola Jokić on his ejection: “Some guys can say whatever…I think some times what I said isn’t even a technical.” pic.twitter.com/OPcw4vigY6
— Katy Winge (@katywinge) December 13, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

