Дуелот помеѓу Никола Јокиќ и Лука Дончиќ, односно нивните Денвер и Далас заврши со минимална победа на составот од Колорадо со 122-120.
Српскиот кошаркар одново блесна на теренот забележувајќи нов трипл-дабл учинок, овој пат од 37 поени, 18 скокови и 15 асистенции. За него тоа е четвртиот во низа, а шестти во сезона.
На спротивната страна блесна Кајри Ирвинг со 43 поени, 5 скокови и 5 асистенции, а Лука Дончиќ беше на прагот на трипл-дабл учинок проследен со 24 поени, 9 скокови и 9 асистенции.
Никола Јовиќ пак беше херој на својот Мајами во дуелот против Минесота. Србинот ги постигна последните поени на својот тим, реализирајќи положување за изедначување, а потоа со мирната рака од линијата за слободни фралања за конечните 94-95.
Вкупно постигна 15 поени и 7 скокови.
Останати натпревари:
Детроит – Хјустон 99-101
Милвоки – Бостон 107-113
Индијана – Њујорк 132-121
Орландо – Вашингтон 121-94
Оклахома – Голден Стејт 116-127
Филаделфија – Шарлот 107-105
Феникс – Сакраменто 118-127
Портланд – Мемфис 89-134
ЛА Лејкерс – Торонто 123-103
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА