Никола Јокиќ одигра уште еден неверојатен натпревар во кој импресионираше со своите потези. Јокиќ постигна 40 поени во победата на Денвер над Портланд од 146-117, дополнувајќи ги со осум асистенции и седум скока.
Погоди само две тројки во осум обиди, но една од нив ќе се памети долго. Времето за напад истекуваше, Јокиќ беше „заклучен“ во самиот агол од теренот со Деандре Ајтон пред него.
Кога сите помислија дека е во безизлезна ситуација, Јокиќ направи ја испрати топката во висок лак која без проблем заврши во кошот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

