Јокиќ повеќе не е рекордер: Браун добива 304 милиони долари од Бостон

Никола Јокиќ повеќе не е најплатниот кошаркар во историјата на НБА лигата откако рекордот кој го држеше Србинот со плата од 272 милиони долари го надмина Џејлен Браун.

Кошаркарот на Бостон потпиша петгодишен договор со „зелените“ вреден 304 милиони долари, откриваат американските медиуми.

Браун кој беше избран како трет пик на драфтот во 2016 година претходната сезона бележеше просек од 26.6 поени, 6.9 скокови и 3.5 асистенции по натпревар.

Се вчитува...