Никола Јокиќ повторно беше одличен на дуелот против Вашингтон во НБА лигата, но Денвер загуби со 123-126 од најслабиот тим во Источната конференција.
Јокиќ имаше 40 поени, дополнети и со 13 скока и девет асистенции, но Денвер загуби со тројка во последните секунди од мечот.
Џордан Пул погоди тројка од речиси десет метри и го реши победникот на натпреварот со тројка на две секунди до крајот.
JORDAN POOLE BURIES IT FROM DEEP FOR THE GAME-WINNER
pic.twitter.com/BZqOeaWuZr
— ClutchPoints (@ClutchPoints) March 16, 2025
Бостон, пак, славеше со 113-115 на гостувањето против Бруклин, а Оклахома триумфираше на гостувањето кај Детроит, на натпревар на кој Шеј Гилџус-Александер постигна дури 48 поени.
Голден стејт го победи Њујорк со 97-94, Сан Антониот славеше против Њу Орлеанс со 119-115, а Милвоки триумфираше против Индијана со 126-119.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА