Јокиќ повторно го шокираше цел свет за нова победа на Денвер (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер нагетс им се вратија на победите во НБА лигата сезонава откако синоќа славеа на гостувањето кај Мемфис гризлис со 115-125.

Никола Јокиќ стигна до нов трипл-дабл учинок завршувајќи го натпреварот со 17 поени, 10 скока и 16 асистенции. Кај поразените Џок Лендејл постигна 26 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Индијана – Детроит 117-122, Торонто – Кливленд 110-99, Бруклин – Њујорк 100-113, Мајами – Далас 106-102, Милвоки – Портланд 103-115, Њу Орлеанс – Чикаго 143-130, Феникс – Хјустон 92-114, Голден Стејт – Јута 134-117 и Сакраменто – Минесота 117-112.

Се вчитува...