Никола Јокиќ повторно го воодушеви кошаркарскиот свет со нов феноменален потег кој остава без здив. Овој пат повторно со кош преку целиот терен и тоа со една рака.
На крајот на втората четвртина, кога забележа уште колку време, Јокиќ се позиционираше за „ракометен шут“ па со топката преку целиот терен со една рака.
Па, топката директно во обрачот, а Јокиќ излезе онака ладнокрвно од теренот како да е тоа најнормалната работа на светот.
NIKOLA JOKIĆ HOW DO YOU KEEP DOING THIS
ONE-HANDED FROM PAST HALFCOURT TO BEAT THE FIRST-HALF BUZZER
pic.twitter.com/uOMLN3maCV
— NBA (@NBA) March 29, 2025
„Се чувствував добро штом ја исфрлив топката од рака. Шутирам и промашувам обично, но оваа сезона имав можеби 30 такви удари и погодив два, тоа е добар процент, 10%, можеби и помалку, мислам дека тоа е добар процент за удари од целиот терен“ – низ смеа изјави Јокиќ по мечот.
Потоа беше запрашан за неговата реакција по кошот, бидејќи излета од теренот како да ја направил најнормалната работа на светот.
„Немав некоја реакција во текот на мечот, тоа беше само уште еден шут, потоа промашив два по ред, два лесни“ – изјави Јокиќ и нагласи дека не бил на „погрешна нога“, туку дека тоа е неговата „десна нога“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА