Јокиќ пречекан со силна провокација во Лос Анѓелес: „Коњски глави“ за потсмевање (ВИДЕО)

Денвер доживеа тежок пораз на гостувањето против ЛА Клиперс во плејофот од НБА лигата.

Српскиот центар Никола Јокиќ запиша нов „трипл-дабл“ но не успеа да му помогне на својот тим да го избегне поразот. Огромна нервоза беше видлива кај Јокиќ по крајот на дуелот, но и низ текот на натпреварот.

А, пред натпреварот беше пречекан со силна провокација од домашните. Клиперси им обезбедија на своите најстрасни навивачи специјални реквизити наменети да го провоцираат најдобриот играч на противничкиот тим. Навивачите зад кошевите, во делот од гледалиштето познат како Ѕидот, добија плишани „коњски глави“ на столчињата кои ги користеа за бизарна провокаци на Јокиќ, алудирајќи на неговата љубов кон коњите која не ја крие.

Но, ова и не е прв пат Јокиќ да биде пречекан со таква провокација на гостување против Клиперс. Претходно, за време на меѓусебен натпревар, при изведување слободни фрлања од страна на Јокиќ еден домашен навивач држеше транспарент на кој пишуваше „Тато, ми недостигаш“, притоа носејќи маска на коњ.

Се вчитува...