Јокиќ: Пред сите знаев за отказот на тренерот Мелоун

Никола Јокиќ постигна трипл-дабл на првиот меч по големиот шок во Денвер и тренерската смена на Мајк Мелоун, а српскиот центар по триумфот во Сакраменто проговори и на оваа тема.

Тој не даде свое мислење за одлуката на управата, но откри дека бил известен за тренерската смена пред сите останати….

„Знаев пред сите… Ми се јави Џош и ми кажа дека одлуката е донесена. Тоа беше тоа… немаше никаква дискусија, Кренке реши да го смени тренерот и ми кажа зошто мисли дека тоа е вистински потег. Нема да ги откривам причините, само го сослушав и ја прифатив неговата одлука“, истакна Јокиќ.

Се вчитува...