Јокиќ: „Растев со кошарката на Дивац и Пеѓа, но имав само еден вистински идол…“

Во документарниот филм за Денвер Нагетс – „Патот до златото“, најдобриот кошаркар на тимот Никола Јокиќ открива и кој е неговот НБА идол од детството.

Јокиќ, не крие дека имал многу кошаркари на кои се воодушевувал, но само еден е негов идол…

„Да, растев со кошарката на Пеѓа Стојаковиќ и Владе Дивац. Ги гледав и се воодушевував на Меџик Џонсон, Мајкл Џордан, Шекил О’Нил, па потоа на Коби Брајант, Леброн Џејмс, Тим Данкан, Дирк Новицки… Но, ако треба да издвојам мој идол од НБА тоа е Трејси Мекгрејди. Тој беше единствен, никој не можеше да го чува. Никогаш не сум го спомнал тоа, но Трејси Мекгрејди беше мојот идол од детството“ – открива Јокиќ.

Се вчитува...