Никола Јокиќ и Денвер добија специјален пречек од страна на навивачите кои ги преполнија улиците на градот прославувајќи ја првата шампионска титула во историјата на НБА франшизата.
На церемонијата говореше и Никола Јокиќ, МВП-то на финалната серија кој беше краток во зборовите, но го поправи впечатокот од пресконференцијата по крајот на петтиот финален натпревар велејќи дека не погрешил што останал за истата.
„Знаете дека реков дека не сакам да останам за парадата, но сега е**но сакам да останам за неа. Ова е неверојатно, сите тука ова ќе го паметиме цел живот и да ве видиме вас сите собрани тука е неверојатно. Те сакаме Денвер, ова е за тебе. Ви благодарам“, изјави Јокиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

