Ѕвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ има нов одличен старт во НБА лигата, но неговиот тим по два одиграни натпревари се уште ја чека првата победа.
На натпреварот против ЛА Клиперс Србинот постигна 41 поен постигнувајќи седум тројки и девет скокови, но и покрај тоа Денвер претрпе пораз од 109-104. Јокиќ на пресконференцијата за медиуми беше и самокритичен велејќи дека и покрај тоа што ќе постигне голем број на поени, тоа не значи дека одиграл добро.
„Ако постигнам 40 поени не значи дека сум одиграл добро. Мислам дека сите треба да бидеме подобри и нема потреба да го доведуваме моето трпение во прашање бидејќи јас сум секогаш тука за момците. Не ме одвојувајте од нив. Така да, ако постигнам многу поени не значи тоа дека сум одиграл добро. Сите мораме да бидеме подобри“, изјави Јокиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА