Денвер има ново водство во четвртфиналната серија против Оклахома откако триумфираше во третиот натпревар од серијата по продолжение и тоа во натпревар во кој своја вечер немаше најдобриот играч на тимот од Колорадо, Никола Јокиќ.
Србинот имаше скромен шутерски учинок погоди само осум од 25 обиди па беше самокритичен по крајот на средбата.
„Бев најлошиот играч на теренот, но го добивме натпреварот. Тоа е најважно. Бев фрустриран. Неколку топки излегоа од обрачот, неколку пати бев потполно сам. Се случува, се трудев да најдам друг начин да бидам корисен за тимот“, изјави Јокиќ кој потоа говореше и за одбраната на противникот.
„Нивните раце се постојано на моето тело. Постојано се во контакт. Ме удвојуваат, ја блокираат линијата на додавање. Јасно е дека нешто прават како што треба. Јас морам да откријам што е тоа и да најдам решение.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

