Јокиќ се спаси од суспензија, но ќе мора „да го одврзе ќесето“ за инцидентот со газдата на Феникс

Никола Јокиќ изминатата вечер стигна до историски успех во НБА лигата како прв центар кој успеал да ја надмине границата од 50 постигнати поени и 10 доделени асистенции во еден плејоф натпревар, но учиникот на Србинот остана во сенка на инцидентот со газдата на противничкиот клуб Феникс.

Во обид да искористи ситуација кога противничкиот кошаркар е надвор од теренот, Јокиќ се упати кон публиката да ја земе топката, но истата беше цврсто задржана од страна на Мет Ишби. Јокиќ по поттурна сопственикот на Феникс, а по немилата сцена стравуваше од суспензија.

До истата нема да дојде, но Србинот ќе добие казна од 25 илјади долари, пренесува доброупатниот новинар на ЕСПН, Адријан Војнаровски.

Се вчитува...