Јокиќ се врати со стил, Денвер ја преслуша Филаделфија (видео)

Никола Јокиќ беше казнет со еден натпревар неиграње поради станувањето од клупа при инцидентот на дуелот со Јута, но тоа беше само мотив повеќе за српскиот центар да одигра извонредно при камбекот на терените, на синоќешното гостување против Филаделфија. Јокиќ беше незапирлив за домашните кошаркари, за 34 минути реализирајќи 32 поени, надополнети со 18 скокови и 10 асистенции, за негов седми трипл-дабл оваа сезона.

Ова беше втор меч на кој Јокиќ има над 30 поени, 15 скокови и 10 асистенции, со што му се придружи на легендарниот Оскар Робертсон, кој досега беше единствениот што до 23-годишна возраст повеќе од еднаш ги имаше остварено овие бројки.

Денвер со скор од 33 победи и 15 порази е второпласиран во Западната конференција, зад шампионот Голден Стејт, кој синоќа исто така забележа триумф на гостински терен. „Воините“ гостуваа на жешкиот терен во Бостон и по голема битка славеа со 111-115. Стеф Кари постигна 17 поени во втората четвртина, вкупно 24 на натпреварот, Дурант беше најефикасен со 33 поени, за десетта победа во низа на актуелниот првак.

 

Резултати НБА:

Њу Орлеанс – Сан Антонио 114-126, Мемфис –  Индијана 106-103, Бостон – Голден Стејт 111-115, Денвер – Филаделфија 126-110, Портланд – Атланта 120-111.

Се вчитува...