Никола Јокиќ по пет пропуштени натпревари се врати во тимот на Денвер за пресметката со Милвоки, предводејќи ја својата екипа до победа од 127-117. Србинот делуваше незапирливо на теренот, завршувајќи го дуелот со 39 поени (16/25 од игра), надополнети со 10 скокови и 10 асистенции.
Тоа беше 30. трипл-дабл натпревар на Јокиќ сезонава, со што стана само четврти играч во историјата што успеал да стигне до оваа граница во текот на една натпреварувачка сезона. Претходно тоа им има успеано само на Расел Вестбрук (три пати), Оскар Робертсон и на Вилт Чембрлен. За Србинот ова беше 161. трипл-дабл во кариерат, со што се наоѓа на третото место на вечната листа во НБА-лигата. Пред него е самиот клупскиот соиграч од Денвер, Расел Вестбрук со 203 и легендарниот Оскар Робертсон со 181 трипл-дабл натпревари во кариерата.
Бостон и без повредениот Тејтум го демолираше на гостински терен Феникс со убедливи 102-132. Порзингис ги предводеше шампионите со 30 поени, Браун постигна 24, додека 30 поени за Феникс постигна Кевин Дурант, недоволно за да се стигне до изненадување против убедливиот првак.
Многу интересно беше на дуелот меѓу Индијана и ЛА Лејкерс, на кој гостите триумфираа со минимални 119-120. Лука Дончиќ го имаше шутот за победа, Словенецот промаши, но за среќа на лејкерси на вистинското место се најде Леброн Џејмс, кој со звукот на сирената ја смести топката низ обрачот. Лука го заврши мечот со 34 поени и 7 асистенции, Леброн имаше дабл-дабл од 13 поени и 13 скокови, а прв стрелец на Индијана беше Матурин со 23 поени.
Резултати НБА:
Филаделфија – Вашингтон 114-119, Бруклин – Торонто 86-116, Индијана – ЛА Лејкерс 119-120, Феникс – Бостон 102-132, Њујорк – ЛА клиперс 113-126, Денвер – Милвоки 127-117.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА