Јокиќ се загрева за ЛОИ: Како? Со другарите на баскет (ВИДЕО)

По напорната сезона во НБА, српскиот центар Никола Јокиќ слободното време го поминува во родниот Сомбор.

По елиминацијата на Денвер во полуфиналето на Западната конференција се наметна прашањето дали Никола Јокиќ летово ќе го носи дресот на српската репрезентација и ќе ја води на Олимписките игри во Париз.

Најдобриот кошаркар на планетата ги „полни батериите“ во Сомбор пред почетокот на подготовките со репрезентацијата.

Неодамна беше фатен на ноќно излегување со Боба Марјановиќ, а на гости му дојде и капитенот на Србија, Богдан Богдановиќ, со кој заедно уживаа во коњски трки. Јокиќ сепак, не пропушти можност да игра одигра и некоја партија баскет со другарите од соседството.

Се вчитува...