Српскиот кошаркар Никола Јокиќ беше полн со импресии по победата на својот коњ во Суботица.
Јокиќ целиот во солзи воодушевен и многу емотивен, го прослави триумфот на својот коњ „Демон дел Ест“ јаван од италијанскиот возач Кармине Пискуљо.
По трката, тој ги сподели своите впечатоци за трката.
„Го кажав тоа одамна, ги доживеав сите мои големи победи и порази во овој спорт. Сите луѓе овде кои се во овој спорт со мене се мои пријатели, мои семејни пријатели, сите го доживуваат ова на ист начин како и јас. Го правиме ова како хоби, ова е причина да се забавуваме, да се дружиме и да уживаме во животот“, изјави Јокиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

