Јокиќ: Сите знаеме дека може да бидеме трејдувани, тоа е бизнис

Денвер на крилја на неверојатниот Никола Јокиќ стигна до уште еден триумф во НБА лигата совладувајќи го Њу Орлеанс, а Србинот на пресконференцијата за медиуми по средбата одново говореше на најактуелната тема во светот на кошарката, трејдот на Дончиќ во ЛА Лејкерс.

Јокиќ вели дека секој НБА кошаркар е свесен дека може да биде испратен во друг клуб бидејќи тоа е бизнис и доколку дојде до тоа не треба да се сфаќа лично.

„Потпишуваме договор кој вели дека може да бидеме трејдувани. Мора да си професионален. И да те заменат не треба да ја затвориш вратата. Само биди професионален. Не го сфаќај тоа лично. Тоа е бизинс, работа. Не значи дека ќе работиш нешто друго, одиш во друг клуб и повторно играш кошарка.

Тоа не те прави добар или лош играч. Можеби само тимот сака да ја промени енергијата, или стилот на игра. Тоа е нормална работа што се случува во НБА“, изјави Јокиќ.

Се вчитува...