Денвер Нагетс ja победија Филаделфија со 124-96 изминатава ноќ во НБА лигата. Кошаркарите на Денвер Нагетс имаа лесен натпревар со Филаделфија и ги победија доста убедливо, со дури 28 поени разлика!
Џоел Ембиид, центарот на Сиксерс, не се појави повторно во Колорадо и не играше во Бол Арена против Нагетс од 2019 година, што ги лиши навивачите од центарски дуел со Никола Јокиќ.
Јокиќ заврши скромно, за негови услови, со 4/7 од поле, 8 поени, 7 скока и 14 асистенции. Кристијан Браун беше најефикасен со 22 поени, Камерон Џонсон имаше 18, а Брус Браун и Арон Гордон имаа по 12.
Од другата страна, го видовме Марџон Бошамп со 16 поени, додека Квентин Грајмс и Трендон Вотфорд имаа по 12, а поранешниот играч на Партизан, Камерон Пејн, имаше по 5 поени, 2 скока и 2 асистенции.
Филаделфија не сметаше на Џоел Ембид, Тајрис Макси и Кели Убре Џуниор, додека Пол Џорџ долго време е суспендиран поради кршење на антидопинг контролите.
НБА – РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Мајами 136-106
Вашингтон – Детроит 117-130
Орландо – Оклахома 18-113
Њујорк – Индијана 136-110
Минесота – Феникс 116-104
Милвоки – Кливленд 116-123
Сакраменто – Сан Антонио 104-132
Денвер – Филаделфија 124-96
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

