Триумфот на Денвер над Индијана во последниот натпревар во НБА лигата го одбележа и српскиот центар Никола Јокиќ кој постави нов личен рекорд кога се во прашање асистенциите, бележејќи 19 од нив.
Рекордот сепак не наиде на големо воодушевување кај Србинот велејќи дека едноставно таква била вечерта кога неговите соиграчи ги реализирале неговите додавања.
„Едноставно беше таква вечер. Секој натпревар е различен, а денеска соиграчите постигнуваа обиди, втрчуваа во празниот простор, а јас само ги пронаоѓав. Беше таква вечер“, изјави Јокиќ кој додаде дека помили му се асистенциите отколку постигнатите поени.
„Да, да. Многу лесен одговор“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

