Српскиот центар Никола Јокиќ постави нов личен рекорд по број на постигнати поени во НБА лигата, но неговиот Денвер не успеа да го искористи тоа, доживувајќи пораз од Вашингтон од 122-113.
Денве не успеа да слави против најслабиот тим сезонава, и покрај тоа што Јокиќ постигна неверојатни 56 поени, подобрувајќи го неговиот досегашен личен рекорд од 50 поени поставен на дуелот против Сакраменто во 2021 годна.
Покрај тие 56 поени Јокиќ имаше и осум асистенции и 16 скока, но немаше поддршка од останатите, во отсуство на Џамал Мареј.
Кај Вашингтон се издвои Пул со 39 поени, за само трета победа сезонава на неговиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА