Јокиќ со емотивна порака за својата Мега

Кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ упати емотивна честитка до клубот во кој израсна, српската Мега.

Мега го прослави својот 25. роденден, а МВП на финалето на НБА и освојувачот на шампионскиот прстен со емотивна порака го честиташе овој јубилеј.

„Мега, среќен 25. роденден. Благодарам на целото семејство за она што го направи за мене и мојата кариера. Тоа е годишнина на сите нас кои бевме дел од тоа семејство. Се надевам дека Мега ќе биде во центарот на светот следната година со нови пикови на драфтот“, изјави Никола Јокиќ.

Јокиќ играше за Мега од 2012 до 2015 година, а потоа се пресели во Денвер Нагетс.

Се вчитува...