Јокиќ со феноменална партија запиша подвиг за НБА историја (ВИДЕО)

Никола Јокиќ запиша историски подвиг со својот учинок во победата на Денвер од 123-116 против Минесота на синоќешниот натпревар од НБА лигата.

За 36 минути на терен Јокиќ практично одигра совршен меч. Постигна 35 поени со одличен шут од игра 12/20, додека слободни фрлања со ефект од 10/12. Освен што беше најдобар стрелец, со 15 скока беше и најдобриот скокач на натпреварот. Извонредната партија ја заокружи со шест асистенции, три украдени топки и една блокада.

Јокиќ на тој начин стана само вториот кошаркар во НБА историјата кој во првите седум натпревари од сезоната има ефект од 150 поени, и по 75 скока и асистенции. Единствен на кого тоа му успеало пред него е Оскар Робертсон.

 

Но, Јокиќ е првиот на кого тоа му успеало по 1963 година.

Се вчитува...