Денвер претрпе уште еден пораз во НБА-лигата, овојпат губејќи на гостувањето во Њујорк со 122-112 во меч што ќе остане запаметен како најслаб на Никола Јокиќ во последните пет години во најсилната лига во светот. Српскиот центар вообичаено рутински стигнува до трипл дабл сезонава, но синоќа одигра катастрофално, едвај стигнувајќи до 17 победи, шест скокови и шест асистенции. Ова е првпат Србинот да има ваква статитика (17 + 6 + 6) , а кога тој не е во ритам, очекувано е Денвер да го загуби натпревраот.
Брансон беше предводник на Њујорк со 30 поени и 15 асистенции, а најефикасен во таборот на Денвер беше Џамал Мареј со 33 постигнати поени.
Голден Стејт го зеде скалпот на Оклахома Сити тандер, нанесувајќи му го само деветтиот пораз на „грмотевизите“ оваа сезона (47-9). Гилџус Александер одигра уште еден неверојатен меч за гостинскиот тим, постигна 21 поен само во првата четвртина и го заврши натпреварот со дури 52 поени зад своето име, но и тоа беше недоволно за да се земе скалпот на поранешниот првак. Најефикасни кај Голден Стејт во оваа голема победа беа Вигинс со 27 и Кари со 21 постигнат поен.
Резултати НБА:
Шарлот – Бруклин 83-104, Индијана – Детроит 133-119, Вашингтон – Торонто 82-106, Бостон – Чикаго 122-100, Мајами – Кливленд 106-126, Њујорк – Денвер 122-112, Филаделфија – Сакраменто 117-104, Њу Орлеанс – Далас 136-137, Сан Антонио – ЛА Клиперс 116-128, Феникс – Минесота 113-121, Голден Стејт – Оклахома Сити 116-109.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА