Јокиќ со нов трипл-дабл го предводеше Денвер до победа против Јута џез (ВИДЕО)

По поразот од Хјустон рокетс во дербито, кошаркарите на Денвер нагетс се вратија на победите во НБА лигата откако синоќа без поголеми проблеми славеа на домашен терен против Јута џез со убедливи 135-112.

Повторно најдобар поединец во таборот на „франшизата“ од Колорадо беше Никола Јокиќ кој запиша нов трипл-дабл завршувајќи го натпреварот со 14 поени, надополнети со по 13 скока и асистенции. Кај поразените недоволни беа 27 поени на Лаури Марканен.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Кливленд – Шарлот 139-132, Бостон – Индијана 103-95, Њу Орлеанс – Далас 119-113, Оклахома – Мемфис 119-103, Голден Стејт – Орландо 120-97 и Портланд – Детроит 102-110.

 

Се вчитува...