Кошаркарите на Денвер нагетс стигнаа до нова победа во НБА лигата откако синоќа во трилер-меч славеа на гостувањето кај Сакраменто кингс со минимални 129-130.
Повторно најдобар поединец во таборот на Нагетс беше Никола Јокиќ кој натпреварот го заврши со трипл-дабл учинок од 20 поени, 14 скока и 13 асистенции, додека кај поразените недоволни беа 29 поени на Деандре Фокс.
Во останатите натпревари од синоќешната понуда: Шарлот – Филаделфија 108-121, Детроит – Мајами 125-124, Бруклин – Кливленд 101-130, Торонто – Чикаго 121-122 и ЛА Клиперс – Јута 144-107.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА