Јокиќ со шокантна изјава: За малку ќе умрев во првото полувреме

Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ, по неколкудневна пауза во голем стил се врати на НБА паркетот. Центарот на Денвер поради настинка пропушти два натпревари против Бостон и Лос Анџелес Клиперс, но во дуелот со Бруклин се најде меѓу играчите на кои смета Мајкл Мелоун.

Србинот одигра уште еден фантастичен меч, со нов трипл-дабл, заедно со Расел Вестбрук испиша историја и му донесе победа на Денвер против Бруклин (124:105).

Јокиќ натпреварот го заврши со 35 поени (14/21 од поле, 1/1 за три, 6/8 од пенал), со 12 скока и 15 асистенции, а првото прашање по триумфот беше како се чувствува.

„Се чувствувам добро, многу подобро од последните неколку дена. Секој ден е малку подобро, иако полека оди. Со помош на стручниот штаб добив многу третмани. Ми дадоа пакет течности. антибиотик и некои други работи не знаев точно што, само пиев за се, од главата, носот, и малку во грлото, така што ситуацијата беше многу тешка. Второто полувреме беше многу подобро од првото. Во првото полувреме за малку ќе умрев. Така, да, беше тешко “, изјави Јокиќ по мечот.

Се вчитува...