Јокиќ со слатка одмазда за Вемби и Сан Антонио

Никола Јокиќ одигра уште еден меч за паметење, предводејќи го Денвер до гостинска победа во Сан Антонио од 111-122, и тоа нецели 24 часа откако Денвер во драматичен дуел загуби на домашен терен од истиот ривал. Јокиќ повторно за ривал го имаше францускиот суперталент Вембињама, но тоа беше само мотив плус за Србинот, со нов меч за паметење да покаже дека е најдобар играч во лигата и оваа сезона.

Сан Антонио водеше во голем дел од натпреварот, но Денвер успеа да се врати и да го одведе мечот во продолжение. Јокиќ беше одличен, но го промаши шутот за победа во регуларниот дел од мечот. Сепак, асот на Денвер продолжи во извонреден ритам во дополнителните пет минути во кои самиот постигна осум поени (целиот тим на Сан Антонио само три) и му ја донесе победата на својот тим. Зад името на Јокиќ останаа извонредни бројки, 46 поени, 9 скока и 10 асистенции, додека Вембињама на спротивната страна имаше импресивен дабл-дабл од 20 поени и 23 скокови.

Мајами тоне во криза по конфликтот со Џими Батлер и суспензијата на најдобриот кошаркар на „жешките“. Така, тимот од Флорида рано утрово беше поразен на домашен терен од Јута со преубедливи 100-136. Никола Јовиќ беше прв стрелец на Мајами во отсуство на Батлер со 17 поени, а најдобар поединец на мечот беше гостинскиот кошаркар Сенсабо со 34 поени и седум скокови.

Каваи Ленард се врати по повредата, а ЛА Клиперс лесно и убедливо славеше над Атланта со 131-105. Пауел ги предводеше стрелците на победничкиот тим со 20 поени, Зубац имаше импресивен дабл-дабл од 18 поени и 18 скокови, додека Тре Јанг беше прво име во таборот на Атланта со 20 поени и 14 асистенции.

Резултати НБА:

Бруклин – Филаделфија 94-123, Детроит – Минесота 119-105, Индијана – Феникс 126-108, Чикаго – Њујорк 139-126, Мајами – Јута 100-136, Милвоки – Портланд 102-105, Сан Антонио – Денвер 111-122 (по прод.), Голден Стејт – Мемфис 121-113, ЛА Клиперс – Атланта 131-105.

Се вчитува...