Кошаркарите на Денвер нагетс забележаа нова победа сезонава во НБА лигата откако изминатата ноќ во дербито славеа на домашен терен по продолженија против Хјустон рокетс со 128-125.
Повторно на висината на задачата беше неверојатниот Никола Јокиќ кој забележа нив трипл-дабл завршувајќи го натпреварот со 39 поеми, надополнети со 15 скока и 10 асистенции. Кај поразените недоволни беа 33 поени на Алперин Шенгун.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Бостон – Детроит 105-112, Мајами – Торонто 96-106, Јута – Далас 140-133 и ЛА Клиперс – Мемфис 103-121.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

