Јокиќ со „трипл-дабл“ му донесе победа на Денвер над Мемфис

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ, уште еднаш беше клучен фактор за Денвер во победата над Мемдис, постигнувајќи го својот 184-ти „трипл-дабл“ во кариерата со 26 поени, 15 скока и 11 асистенции. На крајот неговиот тим славеше со 122-116, и триумфално заминува на Ол-стар натпреварите.

Домаќините можеа побезгрижно да го завршат дуелот во „Бол Арена“. Со максимално водство од 103:88, со Јокиќ на клупата, им дозволија на гостите, без својата прва ѕвезда, Џа Морант, да стигнат до 103:100, а малку подоцна и да израмнат.

Кошот на Јокиќ на минута до крајот ги стави Нагетси во добра позиција за 118:116. Мемфис не успеа да израмни или намали во следниот посед на топката, а Џамал ​​Мареј ја зацврсти победата со четири последователни слободни фрлања. Џамал ​​Мареј постигна 23 поени. Тим Хардавеј помладиот ги следеше со 21 поен.

НБА, РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Атланта 110:107
Кливленд – Вашингтон 138:113
Орландо – Милвоки 108:116
Бостон – Чикаго 124:105
Бруклин – Индијана 110:115
Филаделфија – Њујорк 89:138
Торонто – Детроит 95:113
Хјустон – ЛА Клиперс 102:105
Минесота – Портланд 133:109
Њу Орлеанс – Мајами 111:123
Денвер – Мемфис 122:116
Феникс – Оклахома 109:136
Јута – Сакраменто 121:93
Голден Стејт – Сан Антонио 113:126

Се вчитува...