Денвер Нагетс ги одбрани домашниот терен во првиот натпревар од осминафиналната пресметка со ЛА Клиперс во драматичен финиш, но од текот на натпреварот не беше задоволен Никола Јокиќ.
Српскиот центар упати жестока критика за еден од своите соиграчи – Мајкл Портер Џуниор кој одигра натпревар под сите очекувања забележувајќи само три поени и четири скокови.
„Ако нема да бидете вклучени сега, тогаш не треба да се бавите со овој спорт“, упати критика Јокиќ кој потоа додаде:
„Но ова е само првиот натпревар, тоа може да се случи. За два дена не очекува потполно друг меч“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА