Јокиќ станува најплатен кошаркар на сите времиња

Никола Јокиќ е на прагот да стане најплатен кошаркар на сите времиња, доколку се реализираат најавите за потпис на нов договор со Денвер нагетс. Дел од медиумите шпекулираа дека српскиот центар е незадоволен што управата му врачила отказ на тренерот Мајк Мелоун, но последните информации јасно покажаа дека најдобриот кошаркар на Денвер бил информиран за одлуката на водечките луѓе на клубот, со кои останува во одлични односи.

Како што јавува ЕСПН, во тек се преговорите за Јокиќ да потпише нов договор со Денвер и да остане уште три сезони во дресот на нагетси. Понудата е и повеќе од одлична – вртоглави 212 милиони долри за три сезони. Доколку се договорат деталите и Јокиќ потпише, Србинот ќе стане најплатен кошаркар на сите времиња со годишна плата од над 70 милиони долари.

Само за споредба, најплатен играч сезонава во НБА-лигата е Стеф Кари со заработука од 55,7 милиони долари, а Јокиќ е второпласиран во ова рангирање со 51,4 милиони долари плата.

Никола Јокиќ и сезонава урна бројни рекорди во НБА, станувајќи прв центар во историјата што завршил една регуларна сезона со трипл-дабл, 29,8 поени, 12,8 скокови и 10,2 асистенции по натпревар.

Се вчитува...