Никола Јокиќ на специфичен начин го коментираше поразот на Денвер од Вашингтон, најслабата екипа сезонава во НБА, и покрај неговата рекордна партија со дури 56 постигнати поени.
Денвер има три порази во последните четири меча, па Јокиќ доби и прашање што е неопходно да се случи за неговиот тим да се свести.
„Потребна е реакција. Во мојата земја, таму од каде што јас доаѓа, по ваква серија ќе добиете плата која е и тоа како помала. Така да, можеби е и тоа нешто што мора да се нправи. Може тоа да биде мотивација“ – рече Јокиќ мислејќи на своите соиграчи од првата петорка на Денвер.
„Или, пак, некој да биде закован за клупата. Да биде испратен на клубот, исто така мислам дека би било добра мотивација“ – дополни Јокиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА