Српскиот центар Никола Јокиќ убедливо води во трката за освојување на МВП признанието сезонава по регуларниот дел од НБА лигата.
Според анкетата на ЕСПН, Јокиќ има најголем број гласови добиени од новинарите, трансформирани во 889 бода, дури 180 бода повеќе од вториот на листата Шеј Гилџус Александер од Оклахома.
Трет на листата е Гркот Јанис Антетукомпо од Милвоки.
Nikola Jokic is the favorite to win MVP according to ESPN’s NBA MVP straw poll
(Via https://t.co/Gq8JOciiga) pic.twitter.com/EHi1BleQkn
— NBACentral (@TheDunkCentral) February 13, 2024
Јокиќ сезонава во просек постигнува по 26,3 поени, 12,2 скокови и девет асистенции по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

