Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го пофали Французинот Виктор Вембањама по нивниот дуел во НБА лигата.
Кошаркарите на Денвер Нагетс беа поразени од Сан Антонио Спарс со 113-110, а на теренот главната улога ја имаа Јокиќ и Вембањама.
Српскиот кошаркар по мечот ја пофали младата „ѕвезда во подем“, каде истакна дека ќе стане уште подобар кошаркар.
„Мислам дека е подобар од лани. Дефинитивно ќе стане подобар со искуството, бидејќи телото му се менува. Тој е уникатен и ќе остане запаметен засекогаш во кошарката“, изјави Јокиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА